ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Поради неплаќање од страна на Јавното сообраќајно претпријатие, возачите на приватната автобуска линија 19 до недела нема да работат од 12 до 18 часот

Мефаил Исмаили
Шоферите на приватната автобуска линија 19 до недела нема да работат од 12 до 18 часот, бидејќи со недели не добиле пари од ЈСП.
„Не добивме пари осум недели … Тие се пари за трошоци. Не се за општи плаќања “.
„Сакаме да работиме, но ако не полниме гориво автобусот не оди, а тоа не се прави без пари. Од понеделник, ако не пуштат средства, целосно ќе прекинеме“
Директорот на компанијата Макекспрес – Транс, која е одговорна за линијата 19, вели дека од ЈСП ветиле дека до петок ќе го решат проблемот.
Од Јавното сообраќајно претпријатие велат дека долгот кон превозниците е наследен од претходното раководство, а ветија дека до петок ќе им биде вратен дел од долгот.