54 години без Џим Морисон

Официјалниот полициски извештај покажа дека американскиот рок пејач, фронтменот на култните „Дорс“, почина од срцев удар. Бидејќи никогаш не е направена обдукција, неговата смрт веќе одреден временски период е тема на најразлични теории на заговор.
Во продолжение, прочитајте за некои од најинтересните факти поврзани со животот на легендарниот Џим.
Морисон е роден на 8 декември 1943 година, а својот татко го запозна дури кога наполни две години. Како дете, во 1947 година, беше сведок во сообраќајна несреќа во пустина во Ново Мексико.
Интересно е тоа што тој сметаше дека душата на мртвиот Индијанец „влегла во него“, односно дека останала со него во текот на животот. Тоа уверение не го напушти до смртта, па дури и во својата песна „Peace Frog“ го опиша тоа искуство.
Името на бендот, како што веруваат многумина, потекнува од наслов на книга која ја напишал Алдус Хаксли, а која се однесува на влијанието на дрогата врз човечката перцепција.
Називот на таа книга гласи „The doors of heaven and hell“, па се верува дека Џим позајмил дел од името на книгата за името на својот бенд.
Рокер, наместо војник
Семејството на Џим Морисон се надевало дека тој сам ќе се пријави во американската војска, меѓутоа тоа никогаш не се случи.
Учел во училиштето Џорџ Вашингтон во Александрија, а подоцна заминал во Јужна Калифорнија.
Во Калифорнија почнал да студира кинематографија, за на крај и да ги заврши студиите, каде всушност го запознал клавијатуристот Реј Манзарек, со кого го основаше бендот.
Морисон е автор и на неколку книги со поезија, документарци, краток филм и го направи еден од првите музички видео спотови за песната „The unknown solider“.
Извор: Музичко Ехо