ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

56 малолетници затекнати во ноќни клубови, oткриена е дрога

Во полициската рација која вчера се спровела во дури 350 ноќни клубови, биле затекнати 56 малолетници кои и покрај забраната, по полноќ биле присутни во дискотеките. Имало и точење на алкохол.

Advertisements

„На подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани“, велат од МВР.

При рациите во Скопје била пронајдена и дрога и три лица се лишени од слобода – двајца од Центар, еден од Карпош. Кај нив се пронајдени и одземени ќеси со бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.

Во угостителски објект во Центар во Скопје, затекнати биле лица без вакцинален сертификат, на кои ќе им бидат поднесени пријави, а од страна на пазарните инспектори објектот е запечатен и ќе следи соодветна прекршочна санкција.

Полициските службеници при контролите во дискоклубовите наишле и на агресивно однесување. МВР соопшти дека две лица ги спречиле полицајците да ги вршат контролите. Полицијата регистрирала прекршување на законите за заштита од пушење, јавниот ред и мир, како и законот за странци.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button