ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

560 Пациенти се лекувале со хемофилтрација кај„Жан Митрев“

560 Пациенти се лекувале со хемофилтрација кај„Жан Митрев“

10 дена по објавувањето на скандалот, Министерството за здравство ја доби комплетираната документација од Клиниката „Жан Митрев“. Во оваа приватна болница со хемофилтрација се лекувани 560 пациенти заболени од корона вирусот и нивните досиеја ќе се истражуваат поединечно.

Advertisements

Ова го соопшти министерот за здравство Беким Сали. Анализата на нивниот третман ќе ја направат 5 институции поврзани со Министерството за здравство и тоа Државниот санитарен здравствен инспекторат, Лекарската комора, Агенцијата за лекови МАЛМЕД, Комисијата за интраболнички инфекции и Стручната комисија. Сепак, Сали рече дека се уште не знае колку од овие пациенти починале.

„Ќе ни треба време да ги анализираме тие 560 досиеја, кои се обемни, бидејќи има пациенти кои останале повеќе од еден месец. Целиот тој третман мора да го анализираат експерти, лекари кои тоа го правеле цел живот. Тоа се групи формирани од четири клиники: Кардиохирургија, клиника за инфективни болести, интензивна нега и нефрологија. Тие 4 експерти ќе го анализираат секој поединечен случај и мора да напишат извештај за секој поединечен случај. 560 случаи, да бидеме реални, ќе треба време за конечно да и дадеме на јавноста точен конечен извештај за тоа што се случило“, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Од друга страна, Јавното обвинителство не открива никакви детали за предистражната постапка што ја води. Од обвинителството велат дека според Законот за кривична постапка, дејствијата на јавниот обвинител во рамки на претходните истраги се тајни и од тие причини во оваа фаза од постапката не може да се споделат повеќе детали со јавноста.

Целиот овој скандал произлезе од документарецот на Лабораторијата за истражувачко новинарство на ИРЛ, каде 24 семејства сведочат дека биле принудени да платат огромни суми од 12-25 илјади евра за лекување на пациенти заразени со корона вирусот, за потоа да починат од интер-клинички бактериски инфекции, за кои постои сомневање дека биле предизвикана од методот на филтрација на крвта./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button