ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

59 кандидати се пријавиле за пополнување на 10 места во Апелациониот суд

59 кандидати се пријавиле за пополнување на 10 места во Апелациониот суд

59 кандидати се пријавиле за пополнување на 10 места во Апелациониот суд. Комисијата за рангирање на кандидатурите при Судскиот совет констатирала дека четворица од кандидатите биле спорни, бидејќи имале непотполна документација. Тоа се судите Бетим Јахја, Бранка Наумовска, Александра Поп Стефанија и Дијана Нацевска. На дел од нив им фалело уверение за државјанство, диплома и правосуден испит, а на дел потврда за судски стаж.

Членовите на Судскиот совет Ивица Николовски и Сашко Георгиев изјавија дека Судскиот совет не треба да бара документи од кандидатите со кои и самиот располага и тоа не може да биде причина да ги одбие нивните кандидатури.

Од друга страна, Лорета Горгиева порача дека не е спорно оти се работи за судии кои си ја вршат функцијата, но не покажале почитување бидејќи изразиле амбиција да напредуваат кон повисок суд, а не ги прочитале барањата во огласот и законите.

Како и повеќето судови во земјата, Апелација постојано се соочува со недостиг на судии. Конкурсот беше објавен во декември 2023 година, а нема информации кога ќе заврши./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button