Вакцините за грип ќе доцнат, освен тоа, ќе бидат и поскапи од лани

Вакцината за сезонски грип ќе биде достапна за две недели. Компанијата овластена за нејзино купување од Франција доцни со снабдувањето. Според Центарот за јавно здравје во Скопје, над 40.000 вакцини се очекува да пристигнат до крајот на првата недела од ноември. Постапката доцнела уште од самиот почеток од нарачката бидејќи побарувачката е зголемена ширум светот и приоритет им се дава на земјите од ЕУ. Директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје рече дека ќе имаат проблеми и со граѓаните кои ќе се соберат да ги примат вакцините без да држат растојание, што може да доведе ширење на вирусот.
Инаку, многу граѓани веќе наголемо прашуваат низ јавните амбуланти кога ќе дојдат вакцините. Некои од нив велат дека вакцините не смееше да се дојде до ситуација да доцнат во пикот на пандемијата.
Токму поради тоа одам. Не знам кога ќе дојдат. Досега доаѓав трипати и ете – да видиме сега што ќе ми кажат. Дали е во ред? Како може да биде добро ова?
Не знам што да кажам. Постапката за снабдување најверојатно доцни. Сега требаше да бидеме вакцинирани. Како и да е ќе се вакцинирам, со нетрпение чекам.
Не е во ред. Не можам да кажам дека е во ред. Никогаш не сум се вакцинирал. Не верувам дека ќе се вакцинирам, но секако дека набавката мора да се изврши.
Не е во ред. Таква држава имаме.
Министерството за здравство планира да порача уште 20.000 дополнителни вакцини за сезонскиот грип. Првичната количина од 40.000 дози ќе биде бесплатна за хронично болните, за постарите од 65 години, за деца под 5 години, за бремени жени и здравствени работници. Сите од нив кои се заинтересирани за вакцинирање ќе треба закажат термин преку матичниот лекар. Останатите кои сакаат да се вакцинираат ќе плаќаат по 800 денари, што се 200 денари повеќе од лани.
Adna Qaili