ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

77 санкционирани возачи на територија на СВР Тетово

77 санкционирани возачи на територија на СВР Тетово

Денеска (15.01.2023) во периодот од 11.00 до 16.00 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола на поширокото тетовско подрачје за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 77 возачи, од кои 33 за возење повеќе од дозволената брзина надвор од населено место. Од нив 17 за возење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири за возење со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Advertisements

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button