78% од жртвите не биле вакцинирани

За само една недела од коронавирус починале 124 пациенти, од кои 78% не биле вакцинирани. Според властите во периодот 15 до 21 октомври, само 27 жртви биле вакцинирани, повеќето од нив со кинески вакцини. Ваквата состојба предизвика старите лица да чекаат за третата доза на Фајзер, кои се даваат низ пунктовите според протоколот 3 до 6 месеци по примањето на кинеските вакцини.
,, На овој пункт за вакцинација, достапна е само Фајзер. Моментално се дава само трета доза и само во прва смена имаше над 160 граѓани за трета доза.
„За првата доза немаше многу, но за третата повеќе. За првата доза доаѓаат повеќе млади, додека оние што не доаѓаат, се плашат дека ќе им се случи нешто„.
Во последниот извештај, регистрирани се 511 нови случаи на коронавирус, излекувани се 497 пациенти, а десет се починати. Граѓаните изразуваат поголем интерес да се вакцинираат бидејќи стравот од нова инфекција оваа есен е зголемен со зголемувањето на бројот на заболени.
„Мислам дека наша обврска е тоа што ни кажуваат и треба да им веруваме на институциите. Ако имаме друга опција, не знам, но немаме. Спасот треба да го најдеме во вакцинацијата“.
„Сè што е за доброто за здравјето, треба да земеме. Секој сака да живее подолго“.
„Немаме друг избор. Ако се бара да земате секоја година како сезонскиот грип? Треба, ако е потребно.
Министерството за здравство нема намера да го зголеми бројот на пунктови за вакцинација во главниот град. И во другите градови имунизацијата се спроведува само во здравствените домови, а приливот на граѓани продолжува. Лекарите велат дека имаат секакви вакцини во доволни количини.
„Овде се дава прва, втора и трета. Интересот од минатата недела е зголемен за третата доза, но на располагање ги имаме и првата и втората доза. Процесот оди паралелно но интересот е поголем за третата. Има доволно вакцини, ги имаме сите видови“.
Според официјалните податоци, вчера биле дадени 7.739 вакцини, од кои 748 први дози, 1.629 втори и 5.362 трети дози. До 25 октомври вакцинирани се вкупно близу 802 илјади граѓани, од кои 771 илјади се ревакцинирани, а над 15.850 со трета доза. Вкупно 35% од населението е целосно имунизирано.
Adnan Qaili