ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Музичкото училиште во Струга наставниците не беа вработени, а држеа часови

Во Музичкото училиште во Струга наставниците не беа вработени, а држеа часови

Месец и половина откако Алсат пишуваше за проблемот во Основното музичко училиште во Струга засега е решен статусот на шест од вкупно 14 наставници, нo заостанатите плати не им се исплатени. Година и пол од почетокот на работа, наставниците, кои редовно држеа настава, немаа земено ниту една од 17-тте плати бидејќи немаа решение за вработување. Во меѓувреме беа примани и нови наставници кои исто не земаа ниту една плата.

Advertisements

„На 27.02 извршен е избор на шест лица со тоа што на 13 март отворен е оглас за 4 нови наставници за кои се обезбедени финансиски средства. Од страна на директорот и училиштето платена е прекршочната пријава согласно претходно констатираните пропусти“, велат од Државен инспекторат за труд.

На почетокот на минатиот месец од Трудовата инспекција за Алсат рекоа дека утврдиле оти сите 14 наставници држат часови на црно. Немале засновано работен однос со установата согласно Законот за работни односи. Одговорност не понесе никој.

„Силата е од нефункционирање на правосудниот систем, нефункционирање на судство, обвинителство, нефункцинирање на државните органи, институции, надлежни инспекторати, неказнивост. Никој не сноси одговорност за ваквото самоволие…“, рече Ален Деребан- ВМРО ДПМНЕ.

Министерот за образование Јетон Шаќири, неодамна им се заблагодари на наставниците кои, како што рече, работеле „со добра волја“. Од ресорното Министерство велат дека ова училиште, во кое сега има околу 250 ученици, ќе продолжи да работи.

„МОН е во постојана комуникација со менаџментот на училиштето и за било какви предизвици ќе има заедничка заложба за полесно надминување“, велат од Министерство за образование.

Инаку, во септември 2021 година, среде изборната кампања за локалните избори, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и актуелниот министер Шакири, кој тогаш беше министер за информатичко општество, свечено го отворија училиштето. Но, никој од нив не спомена дека за вработените не се обезбедени ниту пари, ниту согласност за вработување и оти на работа со ќе треба да одат без плата и без решен работен статус./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button