ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Депонии „никнуваат“ во секоја општина во Градот

Депонии „никнуваат“ во секоја општина во Градот

Некогаш парцелата позната како „Расадник“, лоцирана во општина Кисела Вода, се користеше за одгледување на разно овошје, денес се користи за одлагање на различен отпад, од градежен до текстилен отпад. На некои места се забележуваат купишта ѓубре. Од поранешен „Расаданик“ останаа само запуштени дрвја и отворен бунар.

Advertisements

И додека институциите ветуваат дека приоритет им е грижата за животната средина, а општините ветуваа дека ќе ги исчистат дивите депонии, тие и понатаму се присутни на различни локации.

Општина Кисела Вода деновиве информираше дека во локалниот буџет за 2023 година се предвидени средства за изработка на Детален урбанистички план за оваа локација и дека веднаш по изборот на идејното решение на меѓународниот конкурс ќе започне тендерска постапка за изборот на изведувач за развој на „Расадник“.

Расчистување на дивите депонии вети и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Некои од депониите беа исчистени пред неколку месеци, но тие подоцна повторно се наполнија со ѓубре. Градоначалничката на Скопје рече дека секоја институција треба да си ја работи својата работа, а ги повика и и инспекторатот и Министерството за внатрешни работи.

Меѓу депониите кои се чистат но на кои повторно се трупа ѓубре е локацијата во Визбегово каде стотина метри квадратни земјиште е покриено со ѓубре./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button