Премиерот ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на ЕСЧП за Македонците

Изјавата на Ковачевски дадена како одговор на новинарско прашање доаѓа по извештајот за човекови права на американскиот Стејт департмент објавен пред два дена, во кој во делот за Бугарија се нотира дека земјата и понатаму одбива да ги регистрира активистичките групи на етничките Македонци и покрај бројните пресуди на ЕСЧП.
Прашан дали како и Стејт департментот и нашата земја ќе реагира во врска со ова прашање, Ковачевски со одговор:
„Апосолутно! Ние секоигаш сме реагирале во однос на сите граѓани што во било која друга земја се самоопределуваат како Македонци. Македонци има речиси во сите држави во светот. Како што има Македонци во САД, Германија, Швајцарија така има Македонци во Бугариј и во Грција, луѓе што се самоопределуваат како Македонци и на нив им следуваат сите права што им следуваат на сите граѓани слободно да ја изразат својата желба за самоопределување. Знаете дека постојат и пресуди на судот за човекови права кои Бугарија ги нема спроведено до денес и затоа ги повикувам бугарските власти согласно одлуките на судот согласно европските правни норми за заштита на малцинските права да постапат бидејќи станува збор за земја-членка на Европската Унија и тие граѓани кои се граѓани на Бугарија и се самоупределуваат како Македонци во исто време се и граѓани на Европската Унија, бидејќи да не заборавиме дека Бугарија е земја-членка на Европската Унија. И затоа уште еден повик од моја страна да бидат почитувани сите права исто како што и кај нас се почитуваат правата на сите етнички заедници и на секој поединец кој се определува различно од Македонците или од другите кои се дел од нашето општество“, рече Ковачевски.