МАКЕДОНИЈА
Полицијата кај 23 годишен кумановец пронашла и одзела 20 најлонски пакувања со марихуана


Alsat
25.08.2020 13:51
Кумановската полиција уапсила 23 годишен кумановец кај кого биле пронајдени 20 најлоснки пакувања марихуана, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(23) од Куманово, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 20 најлонски пакувања со марихуана, се наведува во соопштението од СВР Куманово.
К.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.