ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Општина Центар: За враќање на „Ќосето“ Арсовска да се обрати во Парламентот
Општина Центар: За враќање на „Ќосето“ Арсовска да се обрати во Парламентот

Општина Центар нема да го земе во предвид барањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за враќање на споменикот на Андон Лазов Ќосето на старата локација, поточно пред судовите во Скопје.
Од Центар потенцираат дека согласно Законот за споменици, надлежностите за ова прашање се во Собранието. Градоначалникот Горан Герасимовски искоментира дека барањето на Арсовска било испратено на погрешна адреса.
Споменикот во февруари 2018 беше отстранет по налог на тогашниот градоначалник Петре Шилегов, бидејќи бил дивоградба. На неговото место сега има засадено дрво. Но, градоначалничката Арсовска повторно сака да го врати. Споменикот беше поставен во 2014 година во мандатот на градоначалникот Коце Трајановски.