ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Огнените“ му реплицираа на Ахмети за статутот и фракциите во ДУИ

„Огнените“ му реплицираа на Ахмети за статутот и фракциите во ДУИ

Викенд-средбата во ДУИ послужи за дополнително продлабочување на јазот во партијата. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, рече дека не се плашат да бидат исклучени, бидејќи според него, во ДУИ се наоѓаат од нејзиното основање, а до ден-денес никој не бил исклучен. Вчера, според Меџити, дебатата била вештачки затворена преку надгласување. Во минатото пак, Ахмети дури и поддржувал создавање фракции како во секоја друга европска партија, но сега се спротивставува на оваа идеја кога истото се случува во неговата партија. Според Меџити, фракционерството навистина не е предвидено во статутот на ДУИ, но како што додава, многу одлуки во Мала Речица биле донесени врз основа на политичка волја, а не врз основа на статутот. Оваа фракција, Меџити најавува дека ќе се официјализира.

Advertisements

„Ќе биде активна во иднина, ќе има свои структури и ќе ги презентираме не само структурните разлики, туку и програмските и нашите политички идеи и позиции за секоја тема. Точно е дека тоа го нема во статутот, но во Демократската унија за интеграција многу работи беа преземени и поважна беше политичката волја отколку статутарната норма. Бидејќи, ако одиме така, дури и координаторите кои беа поставени во Сарај и Чаир, кои обично се поставуваат од други области за да бидат неутрални, овде беа поставени од истите ограноци, па тие се координатори за поделба на ограноците во Чаир и Сарај“,рече Изет Меџити – потпретседател на ДУИ.

За можноста за формирање нова партија, Меџити рече дека не треба да се размислува за заминувања, разрешувања и за други опции, доколку Ахмети покаже демократски капацитет како во овие 20 години. Според него, не може во исто време да се промовира Европски фронт, а да се зборува против фракционерство што е европска демократска вредност. Вчера пак, Али Ахмети изјави дека ДУИ ги почитува токму демократските вредности.

„Секое друго дејствување различно од статутот е анархија. Анархијата е најголем непријател на демократијата. Принципот е дека малцинството треба да ја прифати волјата на мнозинството. Тоа е најдемократски принцип. Во спротивно да станеме анархистичка партија во која ќе работи секој како што си сака…“, нагласи Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Расколот во ДУИ веќе никој и не се обидува да го камуфлира. „Артанистите“ и „Огнената група“, не штедат критики, обвинувања и вербални напади меѓу себе. Според „Огнената група“, во ДУИ има двојни аршини, додека за другата страна, единството во партијата треба да биде главна тема./Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button