ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Германија и Италија најатрактивни за здравствените работници

Земјава се соочува со недостиг на одредени профили на здравствени работници. Најмногу недостигаат медицински сестри, општи лекари и лекари специјалисти. Причините за недостигот се заминување во странство за повисоки плати и подобри услови за работа, како и заминување во пензија.

Advertisements

Германија и Италија се меѓу најатрактивните земји за работа на нашиот медицински кадар. Според доктори и лица добро упатени со состојбата во здравството кај нас, токму овие две држави имаат најпримамливи работни услови за нашите лекари и медицински сестри.

Од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита за МИА велат дека во периодот на Ковид – пандемијата имало етапен одлив на медицински сестри од земјава во други држави.

Покрај заминувањето во странство, како една од причините за намалување на бројот на медициски сестри, од Синдикатот ги посочуваат и измените на Законот за работни односи со кои се исклучи можноста за продолжување на работа и по 64 години. Така, по основ на старосна пензија, велат од Синдикатот, годинава ќе заминат 80 медицински сестри.

– Во посочениот период, од јавниот сектор заминале околу 70 сестри, додека од приватниот, одливот бил околу 120 медицински сестри. Во намалувањето на бројот на медицинските сестри кај нас, влијание имаат и измените во Законот за работните односи, со што се исклучи можноста за продолжување на работниот однос по 64 години, освен за оние вработени во дејноста за кои Законот за здравствената заштита дава можност за продолжување согласно законските измени. Па така, по овој основ, оваа година остануваме без околу 80 медицински сестри кои оствариле право на старосна пензија согласно закон, посочуваат од Синдикатот.

Во поглед на тоа во кои земји најчесто заминуваат здравствените работници, оттаму наведуваат дека конкретно медицинските сестри најчесто заминуваат во Германија, Швајцарија и Италија, а во последно време и во Хрватска.

– Она што со сигурност можеме да го кажеме е дека во земјите каде заминуваат медицинските сестри, има повисоки плати, што свесни сме дека е најбитно за работникот. За другите услови за работа на работните места во другите држави и остварувањето на останатите права од работен однос, не би можеле да дадеме мислење од причина што истото објективно може да се опише единствено од искуство на работник кој заминал во друга држава, додаваат од Синдикатот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button