ЕКОНОМИЈА
Средба кај Пендаровски за законот за игри на среќа

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, имаше средба со Здружението на вработени во секторот игри на среќа. Според информациите од Вила Водно, се разговарало за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој по предлог од Министерството за финансии со европско знаменце е доставен до Собранието. Претставниците на Здружението го информираа шефот на државата за последиците од носењето на измените, кои според нив, ќе предизвикаат губење на работни места и драматични финансиски импликации. Претседателот апелираше предложените измени да одат во регуларна процедура и да се најде решение според највисоките европски стандарди кое ќе претставува баланс меѓу засегнатите страни.