ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска облачно и со слаби врнежи од дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Advertisements

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени слаби врнежи, кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button