ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Столтенберг: НАТО-алијансата е подготвена да ѝ даде техничка поддршка на С Македонија во справувањето со хибридните напади

Поддршката што НАТО и сојузниците се подготвени да ѝ ја дадат на Северна Македонија, која се соочува со различни видови хибридни и кибернапади, вклучува техничка поддршка и посилна соработка за борба против дезинформациите.

Advertisements

Ова на вчерашната прес-конференција, пред денешниот министерски состанок на НАТО во Брисел, го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Неодамна, всушност, разговарав за ова прашање и со премиерот на Северна Македонија и, се разбира, НАТО е таму за да им помогне и да ги поддржи сојузниците бидејќи сега обезбедуваме помош и поддршка за Северна Македонија која се соочува со различни видови хибридни и киберзакани. Поддршката што НАТО и сојузниците се подготвени да ѝ ја понудат на Северна Македонија вклучува техничка поддршка и посилна соработка за борба против дезинформациите“, кажа Столтенберг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button