ЕКОНОМИЈА

Васко Ковачевски поднесе оставка од ЕСМ

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски поднесе оставка од функцијата по објавувањето на резултатите и ефектите од справувањето со енергетската криза. Тој рече дека одлуката е негова и лична за да му се посвети на семејството. Енергетската криза државата ја чинела 11 милијарди денари, пари кои ЕСМ ги добила од владата, односно од државната каса. Васко Ковачевски смета дека добро ја менаџирал кризата со образложение дека немало рестрикции и прекин на топлинската енергија како што опозицијата и дел од експертите предупредувале.

Advertisements

„За оваа година имаме нула повлечени средства од Владата. Овие три месеци ги работиме исклучиво со сопствени финансиски средства на компанијата“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button