ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сообраќајна незгода предизвика хаос на мостот „Гоце Делчев“

Сообраќајна незгода помеѓу две возила со скопски регистарски таблички се случи утрово на мостот „Гоце Делчев“ во насока од плоштадот „Скендербег“ кон зградата на Владата.

Засега нема информации за повредени лица, а од она што може да се види на самото место еден од автомобилите има претрпено поголемо оштетување.

Advertisements

На терен има и полициска екипа која врши увид и го регулира сообраќајот.

Сообраќајната незгода предизвика хаос на овој булевар, а возилата се движат отежнато.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button