Алити: Статусот на поранешните војници на ОНА и поранешните бранители да се решава подеднакво

ДУИ е подготвена да седне на маса со ВМРО-ДПМНЕ и Движењето Беса да разговара за статусот на поранешните војници на ОНА и поранешните бранители. Вака во емисијата „Патот Кон…“ изјави Рафис Алити, говорејќи во својство на координатор во ДУИ за статусот на поранешните борци на ОНА, нивните семејства и воените инвалиди. Тој ги повика двата субјекта да седнат и да разговараат доколку сакаат да најдат дефинитивно решение.
„Подготвен сум да дадам свој придонес. Сигурно и ДУИ, но ако Движењето Беса и ВМРО-ДПМНЕ се искрени за иницијативите што ги преземаат, а не се само за пред избори да ги актуелизираат, а потоа ги забораваат или само кога се во опозиција. Еве јас сум во позиција и ги повикувам ако се заинтересирани, го имаат мојот број, нека ми се јават бидејќи сум подготвен во секој момент да седнам во интерес на решавање на овие прашања“, рече Алити.
Алити вели дека треба да се реши и статусот на цивилите, поточно лицата кои имаат последици од војната, а кои немале вооружени членови на семејствата.
„Ги имаме цивилниот дел меѓу Албанците и Македонците кои се спасија. Тука се и исчезнатите. Имаат и семејства кои не биле ниту ‘бранители’, ниту ОНА. Дали некој досега се занимавал со оваа проблематика?“, додава Алити.
Статусот на поранешните борци на ОНА и воените инвалиди е поставен како програмска точка во фракцијата во ДУИ, односно Огнената група. Во меѓувреме, Движењето Беса најави нов закон, но засега не презема ништо конкретно. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во Собранието ќе иницира измена и комплетирање на Законот за бранители со цел подобрување на нивните услови и зголемување на вредноста на надоместокот по степен на инвалидност. Зголемување на надоместоците се предвидени и за семејствата на загинатите. Првиот и последен пат кога ДУИ го отвори прашањето за статусот на борците и воените инвалиди на ОВК беше во 2009/2010 година кога се бараше донесување нов закон.
Адријан Керими