ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО, АЛТЕРНАТИВА и ДС нема да бидат дел од работната група за уставни измени

ВМРО, АЛТЕРНАТИВА и ДС нема да бидат дел од работната група за уставни измени

На два дена пред истекот на рокот за предлагање на имиња за работната група за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ децидна, нема да учествува во работата на работната група. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека власта го политизира процесот на уставни измени. Според него, без да се гарантираат 2/3 во Собранието во оваа прва фаза, работата на работната група е целосно неоснована. Коментирајќи го отфрлањето на хрватскиот модел од страна на властите, Мицкоски рече дека власта прва го споменала овој модел..

Advertisements

Од Алтернатива велат дека нема да учествуваат во Работната група, додека не се исполнат два критериуми. Првата е да има лидерска средба каде ќе се постигне политички консензус и втората на дневен ред е да се предложи уставна измена на Алтернативата за борба против политичката корупција.

„За нас не може да има работна група за изготвување или подготовка на уставните измени, додека немаме политички консензус меѓу политичките партии за поддршка на овие измени, преку кои мора да се отвори патот кон интеграција на државата во Европската Унијата. Дополнително, Алтернативата не може да седне на заедничка маса и да разговара на оваа тема со партии кои се уште не се изјасниле да предложат амандмани за борба против корупцијата“, рече Зекирија Ибрахими, Алтернатива.

И од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов соопштија дека нема да учествуваат во работната група за уставни измени бидејќи мора да се постигне реципроцитет со бугарската страна.

“Пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните, историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите“, додадоа од Демократска лига.

Министерството за правда пред неколку дена соопшти дека рокот за предлог на членови за работната рупа за уставни измени е до 10 април.
Министерството за правда пред неколку дена соопшти дека рокот за предлог имиња за работната рупа за уставни измени е до 10 април./Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button