
Европската унија ќе добие околу две милијарди дози вакцини против коронавирусот, соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. За време на видео-разговор со австрискиот канцелар Себастијан Курц, таа рече дека оваа количина вакцини овозможува да се вакцинираат 700 милиони луѓе, вклучително и граѓаните од државите во Западен Балкан и дел од Африка. Првите вакцини можеби ќе бидат достапни во декември. Европската комисија во средата го потпиша шестиот договор за набавка на вакцини со компанијата Модерна.