Партиски реакации за набавката на храна и пијалоци
Партиски реакации за набавката на храна и пијалоци

144 илјади евра потрошени за снабдување со суво месо, кафе, овошје и друга храна не се многу пари, а не се ни луксузни производи. Вака оценува Васко Ковачи од СДСМ. Тој вели дека залихите не се само за една институција туку за повеќе институции на Владата, додека производите не се луксуз, туку производи што може да ги купи секој граѓанин.
Новинар: Производи од суво месо и кафе еспресо…
“Еспресо кафе, вие пиете еспресо кафе, еспресо не е луксуз, секој граѓанин може да си дозволи да пие еспресо…” рече Васко Ковачки, СДСМ.
Додека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски оваа постапка ја нарекува безобразлук на власта и лицемерие .
Алсат вчера објави информацијата дека Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила повеќе договори во вкупна вредност од над 144 илјади евра за набавка на сувомеснати производи, свежо пилешко месо, кафе, овошје, зеленчук . Од Владата ни одговорија дека се врши снабдување на сите институции кои се во надлежност на Службата за општа и заедничка работа, вклучитено и претседателот на државата и спикерот на Собранието.
Владината набавка следува осум месеци откако Алсат го објави скандалот дека во услови на криза Владата планирала да потроши повеќе од 20 илјади евра за октопод и свежа риба, по што премиерот вети дека ќе ја повлече оваа луксузна храна во време на криза./Алсат.мк