ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Од утре поскапуваат бензините и дизелот, објавен новниот ценовник

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/литар.
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за
2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/литар.