ВМРО напушта седници, но карванот за автопатите си врви

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата во Собранието во знак на револт за начинот на кој законските измени за автопатите се ставени во постапка. Пратениците од опозицијата велат дека немале доволно време да ги видат предложените закони и оти постапката ќе треба да се реализира со стручни лица.
Според СДСМ, процедурата во Собранието овозможува доволна дебата и транспарентност.
Потребата за овие измени не ја поддржаа ниту четворица пратеници од мнозинството кои доаѓаат од помалите партии. Дел од нив гласаа против, а дел воздржани. Бараа расправа и јавно разгледување на законите од страна на експерти.
Потребата за натамошно процесирање на законите сепак беше донесена со поддршка од 57-58 пратеници. Законите по скратена постапка ќе се разгледуваат во соодветните комисии во текот на следните денови.
Фатлуме Дервиши