Контроверзните закони за автопатите го поминаа првиот филтер во Собранието

„Со овој предлог закон се овозможува градбите кои се од стратешки интерес на државата да имаат навремена и ефикасна реализација“, рече Арбр Адеми, координатор на пратеничката група на .
Бидејќи се работело за важен стратешки проект, беа предложени измени и дополнувања на осум закони по скратена постапка. Со нив Владата ќе ја забрза реализацијата на изградбата на Коридорот 8. Потребата за нивно одобрување беше усвоена со мнозинство од присутните пратеници. Иницијативите предизвикаа бројни реакции во јавноста бидејќи нивното усвојување ќе овозможат да се заобиколуваат некои административни процедури при спроведувањето. Па, така, со измените во законот за урбанистичко планирање ќе се заобиколи вообичаената градежна процедура, а со промената на законот за земјоделско земјиште ќе се овозможи брза трансформација од земјоделско во градежно земјиште. Истата судбина ги чека и шумските површини низ кои ќе поминуваат автопатите.
Експропријацијата е уште едно прашање кое ќе се регулира со предложените закони и кое влијае на правото на сопствениците да одлучуваат за нивните имоти.
Во законските измени се предлага зголемување на работното време на градежните работници за да може да работат повеќе од осум часа дневно. Со брза постапка се предлага да се добијат сите потребни градежни дозволи и документи, а стратешкиот инвеститор во Македонија да биде ослободен од плаќање на ДДВ и акцизи за гориво. Претседателот Стево Пендаровски тврди дека внимателно ги следи процедурите и оти ќе одлучи дали ќе ги декретира законите или не.
Фатлуме Девиши