
Годинава Собранието треба да донесе закон кој треба да послужи за поголема заштита на животната средина. Законот за климатска акција се воведува за прв пат кај нас, додека за негово спроведување потребен е голем административен капацитет.
Претседателката на зелената група во Собранието, Моника Зајкова, вели дека е многу важно да се одобри овој закон, но уште поважно е тој да не остане само на хартија, туку и да се спроведе.
Во следниот период предлог-законот ќе треба евентуално да се дополнува со предлози, а потоа ќе биде испратен до Владата на разгледување од сите надлежни институции. По таа фаза следува собраниска процедура. Гласањето се очекува до крајот на годинава.
Еви Шкопи