ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР поднесе кривична против осомничениот за убиството во казиното во Тафталиџе

Скопската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје против 44-годишен скопјанец со иницијали Џ.С. кој е осомничен за убиството што се случи на 31 март во казино во скопската населба Тафталиџе, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

Оттаму додаваат дека врз основа на вештачењето е утврден идентитетот на сторителот, а дека е обезбедено и оружјето со кое осомничениот Џ.С. го извршил делото.

„Имено, на 31.03.2023 во 8:02 часот во казино на бул. ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А. (46) од с. Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите“, се наведува во соопштението на МВР.

Убиството во казиното во Тафталиџе се случи рано утрото на 31 март годинава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button