Земјиштето во Рашче поплавено, жителите игнорирани од надлежните

Едно од најплодните полиња во селото Рашче, денес е мочуриште. Жителите веќе неколку години не садат земјоделски култури, бидејќи ова земјиште не може да се користи, бидејчи водата од Вардар се меша со канализацијата на селото. Велат дека во кога се садело, сите сакале да купат она што било произведено на оваа земја.
Иако коритото на реката Вардар е неколку стотини метри оддалечено од ова место, неколку хектари плодно земјиште се поплавени. Сомнежот е дека некој копал на дел од коритото за да извлече чакал, но оваа информација не е официјална. Сали Хоџа, жител на ова село, вели дека претходно земјиштето се обработувало редовно и гравот од Рашче бил познат како најдобар.
“Речиси 5-6 години Вардар е вака во нивите. Јас ќе одам да сеам, но не можам, бидејќи тракторот не влегува. Да порано се обработуваше земјата ова е најдобрата земја на Рашче. Во ова земјиште се произведуваше најдобар грав, кој најмногу се продаваше на пазар. А, денеска еве како е. Поминаа 7-8 години, или 10 години откако престанале да садат грав. Во последниве години, нема ништо, некој посеал и се расипало”, рече Сали Хоџа – жител на село Рашче.
Во земјиштето се излеваат и фекални води, бидејќи канализациониот систем на селото што е изграден пред околу две децении не ги исполнува стандардите.
“Канализацијата поминува низ нивите. Ова е местото каде што водата треба да влезе и да се прочисти и да излезе од другата страна, тоа не функционира. Полето на Рашче е катастрофа. Никој не доаѓа да не види или да направи нешто. Поднесовме некои документи во општината, но сè уште нема повратна информација за тоа. Има силен мирис“, додава Сали Хоџа.
Жителите велат дека општината Сарај е известена за проблемот, но досега никој не ги посетил. Упативме прашања до Општина Сарај, дали се информирани за овој проблем, дали извршиле увид на состојбата на терен, дали е вистина дека некој копал по речното корито за чакал, но засега немаме одговор.
Еви Шкопи