МАКЕДОНИЈА

Фатон Ахмети: Али Ахмети не е заробен од Артан Груби

Али Ахмети не е заробен од никого. Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети во емисијата 200 на Алсат одговори на обвинувањата на првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, кој рече дека Али Ахмети е заробен од Артан Груби и затоа не може да го разреши.

Advertisements

„Али Ахмети не е заробен од никого. Али Ахмети е клучната, централна фигура на Демократската Унија за Интеграција. ДУИ е самиот Али Ахмети. Во тој контекст, што се однесува до заштитата на вицепремиерите, тој секогаш имал ист пристап кон извршната власт, имајќи предвид дека извршната власт секогаш е соочена со работа што треба да се заврши во владата со барања што доаѓаат од базата и со самиот факт што тој извршува задача во извршната власт, на некој не му се прави ќеифот а на некој да“, изјави Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ, во 200 во Алсат.

Тој додаде дека сегашната состојба не може да се споредува со онаа од 2016 година кога првиот човек на ДУИ Али Ахмети донесе одлука за смена на сите министри од ДУИ.

„Во сите случаи Али Ахмети беше тој што застана до извршната власт, тој беше бранител, тој беше адвокат на г. Муса Џафери над 11 или 12 години. Истото го направи и за вицепремиерот, покојниот Абдилаќим Адеми и за сите досегашни вицепремиери. Ситуацијата во 2016 година беше сосема поинаква од денешната, тоа беше ситуација која произлезе по нелегалното прислушување што беше објавено во тоа време и знаеме каков беше епилогот, како се одвиваше процесот во тој случај. Затоа, не можеме да направиме паралела меѓу таа тогашна состојба и денешната“, додаде Ахмети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button