
Директорот на слободните економски зони, Јован Деспотовски, тврди дека зголемувањето на каматните стапки е една од клучните причини зошто доцни стартот на изградбата на фабриката за електрични возила во зоната кај Тетово. Во интервју за Економски магазин на Алсат кој се емитува вечерва во 22 часот и 20 минути, Деспотовски изјави дека не станува збор за грешка на институциите или проблеми со проектот. Според него, странскиот инвеститор, германската фирма „E-Go“, ги има сите потребни документи и средства и набрзо ќе почне да гради.
„Треба да сфатиме дека во моментот кога се договараше таа инвестиција до денеска, условите за финансирање се многу сменети. Имаме континуиран раст на каматните стапки во цела Европа и светот. Реално тоа го отежнува нивото на реализација на инвестициите“, рече Деспотовски