Мухамед Зеќири се појави в судница, случајот почнува од почеток

После повеќе од три месечно отсуство поради здравствени причини, денеска во судницата во Кривичен се појави поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.
Поради тоа што судскиот процес против него не се одржал повеќе од 90 дена, судијката Фанка Јанчулева-Димовска донесе одлука за започнување на целиот случај од почеток.
Според обвинението, Мухамед Зеќири се товари дека со „злоупотреба на службена положба и овластување“ го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари. Тој како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Претходно од Кривичниот суд соопштија дека судењето за предметот во кој тој е првообвинет ќе се одложи на неодредено време поради неговата психичка состојба.