

Алсат
30.06.2020 15:44
Откако беше потврдена разделбата со тренерот Жељко Обрадовиќ, по 7 години соработка, денес турскиот тим Фенербахче потврди дека ја завршува соработката и со еден од своите најдобри кошаркари, Луиџи Датоме. Италијанецот помина 5 години во Фенербахче и ги освои најголемите трофеи. Сега кариерата ќе ја продолжи со екипата Олимпија од Милано.