ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Здружението на болни од цистична фиброза се огради од пациентот Игор Пехчевски

Здружението на болни од цистична фиброза се огради од пациентот Игор Пехчевски

Здружението на болни од цистична фиброза се оградува од изјавата на Игор Пехчевски, кој рече дека му се заканувала директорката на Детската клиника во Скопје, откако се пожалил на недостиг на терапија. Од здружението велат дека тие како здружение се во разговори со здравствените власти за да се обезбеди терапија за сите пациенти.

Advertisements

„Здружението се оградува од лично изразениот став на пациентот во однос на неговото лекување. Веруваме дека незадоволството на нашиот член потенцијално може да им наштети на сите пациенти и на она што здружението го има постигнато до денес. Сите ја чекаме трикафта без разлика на функционирањето на нашите органи, затоа што нема причина да очекуваме да имаме уште полоша состојба. И јас чекам трикафта, има многу други што чекаат, не сум само јас или само Игор, секој ден очекуваме некоја вест дека ќе се снебдиме со трикафта“, рече Џенета Туша, Здружение на пациенти со цистична фиброза.

Игор преку објава на Фејсбук изрази жалење од реакцијата на здружението, велејќи дека неговата реакција ги претставува сите заболени од оваа ретка болест.

„Во име на Здружението за цистична фиброза, каде сите треба да бидеме еднакви, организираат состаноци, работни групи за конечно да го добијат лекот и бесрамно се оградуваат од борбата за еден од борците, чие име е Игор Пехчевски“, напиша на фјесбук Игор.

Директорката на Детската клиника демантира дека му дала отпусно писмо на Игор од Клиниката. Стојка Фуштиќ вели дека само му препорачала да си оди дома за празниците.

За случајот, министерот за здравство искоментира дека се потпира на објаснувањата што му дала директорката на Клиниката, велејќи дека Министерството за здравство работи на снабдување на сите пациенти со современа терапија.

„Пред три недели формиравме комисија за цистична фиброза со сите и еден претставник од здружението на пациенти со цистична фиброза. Го испитуваме проблемот со цел еднаш засекогаш да се реши овој проблем и овие пациенти да добијат квалитетна терапија трикафта, но ние како министерство не одлучуваме кој ќе го добие лекот. Надлежните лекари ќе одлучат кој пациент ќе го земе овој лек“, рече Фатмир Меџити, министер за здравство.

Инаку, државата пред неколку месеци го обезбеди лекот трикафта, но само за 12 пациенти. Околу 130 други останаа на листата за чекање. Овој лекарски третман чини по околу 300.000 евра годишно за секој пациент одделно. Според една анализа, за лекување на сите актуелни заболени од цистична фиброза, државата би требало да одвои над 20 милиони евра годишно./Алсат.мк

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button