ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градовите остануваат без гинеколози

Градовите остануваат без гинеколози

Струга полека останува без матични гинеколози. Општината со 60.000 жителите се соочува со сериозен проблем. Од пет гинеколози кои во моментот работат, дури четворица се на возраст од 62 и 63 години, што значи се пред заминување во пензија. Млади кадри во Струга нема.

Advertisements

„Младите гинеколози не ја гледаат перспективата во примарното здравство. Каква ќе биде иднината на здравството во областа на гинекологијата, а и општо во примарното здравство е неизвесна. Според сегашната состојба, бидејќи ние планираме да одиме во пензија, кој ќе нè замени? Сите колеги и колешки што се на специјализација, претендираат да останат во Скопје…“, рече Хаџер Алиед-гинеколог.

Државата треба да најде начин да ги мотивира младите специјалисти да останат и да работат во своите места, вели Алиед.

„…Треба да се направат суштински промени, за да се мотивираат младите лекари да се вратат во помалите места, да се мотивираат финансиски, да се едуцираат, затоа што ние сè што се едуцираме, сами плаќаме и тоа е еден хендикеп за младите лекари“, додаде Хаџер Алиед-гинеколог.

Слична е состојбата и во Охрид, каде исто има многу мал број матични гинеколози и сите се во повозрасна група.

„Јас гледам од помладите колеги, никој не сака да работи како матичен лекар, бидејќи го сметаат како неблагодарно, неблагородно. Велат – не сакам да бидам писар. Нè гледаат како писари, а воопшто не е така. Нашата одговорност е многу голема. Ние треба да знаеме сè за пациентот“, нагласи Ружица Анѓелеска- матичен лекар.

Потребата од матични гинеколози е уште поголема во регионот ако се земе во предвид и податокот дека е сè поголем и бројот на пациентки на кои им се дијагностицира карцином на грлото на матката./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button