Дијабетичарите немаат ленти, игли и друга терапија
Дијабетичарите немаат ленти, игли и друга терапија

Пациентите со дијабетес повеќе од 5 месеци од свој џеб купуваат ленти за мерење на инсулинот во крвта, а во последните две недели во аптеките за инсулин нема ни игли. Но, тоа не се единствените празни рафтови со кои се соочуваат дијабетичарите. Неколку месеци по ред нема терапии со таблети кои ги покрива фондот, туку нивната набавка оди само приватно. Пациентите се жалат дека тоа им прави дополнителни финансиски потешкотии, особено во овој период кога е сè поскапено.
„Скоро 4-5 месеци немам добиено ленти за мерење шеќер. Цело време приватно ги купувам, ги барам, ги нема. Ги зачував иглите што ги имав, значи нема. Не ми го дадоа инсулинот, значи нема. Треба да го има постојано, ако не се овие работи, тогаш ќе нè нема ниту нас. Дефинитивно мора да го примаме редовно, не смееме да го оставиме. Болеста не чека ниту пет дена“, рече еден пациент.
Од Здружението за заштита на пациенти со дијабетес бараат државата да ги олесни бирократските процедури за набавка на терапии и материјали поврзани со болеста.
Министерството за здравство соопшти дека во процедура е набавката на ленти за мерење шеќер и на инсулинските игли./Алсат.мк
Вјолца Алити