ВЕСТИРЕГИОН

Еди Рама има акутно воспаление на слепото црево

Еди Рама има акутно воспаление на слепото црево

На премиерот на Албанија, Еди Рама утрово му беше извршена апендектомија, односно операцијана слепото црево. Според прес-службата на албанскиот премиер, неговата здравствена состојба е добра, јави албанската ABC News.

Advertisements

„Синоќа по повеќекратни тестови во Универзитетската болница „Мајка Тереза“ на премиерот Рама му е констатирано акутно воспаление на слепото црево. По препорака на лекарот од итната помош, премиерот утринава во раните часови беше опериран од воспалено слепо црево”, соопштија од Прес-службата.

Операцијата ја изврши тим хирурзи и анестезиолози, под раководство на професорот Арбен Ѓат. Интервенцијата се смета за успешна, здравствената состојба на Рама е добра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button