Експерти од повеќе области бараат власта итно да ги повлече законите за автопатите

Експертите оценуваат дека Владата итно треба да се повлече од предложените закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10-Д. Од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ оценуваат дека власта со предложените измени ги релативизира сомнежите за корупција во овој проект. Според Миша Поповиќ, со овие законски измени нема јавен интерес, туку само приватен.
Здружението на археолози не е задоволно само со повлекувањето од процедура на предложените измени во Законот за културно наследство.
Во рамките на законските пакети кои власта настојува да ги промени во интерес на изградбата на Коридорите 8 и 10-Д се Закон за експропријација, за урбанистичко планирање, за работни односи, за градење и некои закони од сферата на земјоделството и суровините.
Адријан Керими