ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта ќе обучува вработени како да се однесуваат на социјалните мрежи

По неодамнешните злоупотреби на „тик-ток“ и случајот со незаконско снимање во тетовската гинекологија, државните институции во земјава ќе ги обучуваат вработените во јавниот сектор како да се однесуваат на социјалните мрежи. Ова го најави министерот за информатичко општество, Азир Алиу. Сепак, властите не планираат да ја забранат употребата на оваа социјална мрежа, како што тоа го прават некои земји од Европската унија и САД.

Advertisements

„За социјалните мрежи тука спаѓа и тик-ток како што кажавте, ова е предизвик за сите земји и не само за нас, знаете дека тоа се секојдневни процеси кои за жал доколку немаме луѓе доволно обучени или информирани за социјалните мрежи, ќе има и такви случаи. За жал, мислам дека е несериозно, дури и да има такви злоупотреби секој ден, да се забранат социјалните мрежи. Сепак, мислам и дека би било многу сериозно како држава да ги анализираме сите процеси и да видиме како се развиваат и какви информации да им дадеме на нашите граѓани за да бидат свесни како да ги користат и на кој начин“, рече Азир Алиу, министер за Информатичко општество и администрација.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button