ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот тврди, предлог-законот за коцкање бил европски

Предлог-законот за коцкање, односно за игрите на среќа ќе остане во собраниска процедура, соопшти премиерот на прашањето што ќе се случува со овој предлог закон, за кој и австрискиот амбасадор во земјава испрати порака да се внимава со начинот како се носи. Според премиерот, предлогот е составен врз основа на европски критериуми и предвидува заштита на оние кои се коцкаат, тинејџерите, а предвидува и внесување повеќе пари во државниот буџет.

Advertisements

Младинскиот форум на ДУИ, кои се дел од фракцијата во партијата, реагираа против отворањето на коцкарници. Потпретседателот на Форумот, Јетмир Асани, рече дека власта се коцка со судбината на младите бидејќи постојано планира да отвора казина наместо да отвора библиотеки, работни места или младински катчиња и затоа секој ден сè повеќе млади заминуваат од земјава.

„Ја повикуваме коцкарската влада да стави прст на чело дека ако десетици илјади млади луѓе ја напуштиле земјата и заминале на печалба, овој број ќе биде многу поголем благодарение на вашите политики што воопшто не се за младите, туку водите политика за тоа како да основате нови коцкарници што ги водат ваши блиски луѓе. Тројца членови на новата лотарија се роднини на министри од ДУИ“, рече Јетмир Асани, фракција на ДУИ.

Од Младинскиот форум на ДУИ велат дека доколку власта не престане со политиките за отварање на локали за игри на среќа, ќе користат различни демократски методи за да се запре, како што велат, ова зло во општеството.

Предложениот закон е на усвојување по брза постапка и покрај реакциите дека зад него стојат бизнис интереси за големи профити.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button