СПОРТФУДБАЛ

Мане, казнет со 350.000 евра од раководството на Баерн

Раководството на Баерн го казни напаѓачот Садио Мане со најголемата казна во клупската историја, пренесуваат германските медиуми.

Advertisements

Репрезентативецот на Сенегал го удри со тупаница својот соиграч Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити (3:0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, а овој испад ќе го чини 350.000 евра, објави „Билд“.

Поради овој инцидент, искусниот напаѓач беше отстранет од тимот за натпреварот од против Хофенхајм, а во вторник се врати на тренинзите и ќе биде во конкуренција за вечерашниот реванш со Манчестер Сити.

Сенегалецот минатото лето дојде во баварскиот клуб од Ливерпул и постигна 11 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button