ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Меџити: Разрешен организацискиот директор во тетовската болница по случајот со „ТикТокерот“

Јас добив непотврдена информација за претходно несовесно однесување на лекарот од Тетово, но немаше ништо запишано и претходно не била покрената никаква постапка, дисциплинска или каква било друга, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој во одговор на новинарско прашање околу одговорноста на анестезиологот од Тетово кој е осомничен дека снимал пациенти на Тик Ток, министерот посочи дека за овој случај ќе се постапува и понатаму, вклучително и во однос на извештајот од Лекарската комора.
„Значи во рамките на законот, тој ќе биде седум години без лиценца, додека заврши судската процедура, а кога ќе заврши, може и доживотно да остане без неа“,изјави Меџити.