МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Скратувањето на процедурите за добивање на концесија е можност за корупција

Власта не прифати Коридорите 8 и 10Д да се градат со сегашните законски решенија за користењето на минерални суровини. Тие го отфрлија амандманот на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за економски прашања.

Advertisements

На предлог на Владата се заобиколуваат досегашните постапки за избор на концесионер за тендер за минерални суровини. Постапката ќе помине во надлежните институции, Министерството и Комисијата формирана за таа цел, во Владата.

„Не можам да разберам зошто ВМРО-ДПМНЕ толку силно сака да ја пролонгира формата и начинот на изградба на овој коридор кога знаеме дека е коридор од државен интерес, а за мене како пратеник на ДУИ и како Албанец е и национален проект“, рече Бедри Фазли, ДУИ.

За ВМРО-ДПМНЕ скратувањето на патот за добивање на концесијата е можност за корупција.

Во соодветните комисии продолжува расправата за усвојување на нацрт-законските измени на 8 закони за олеснување на постапките за изградба на Коридорот 8 и 10Д.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button