Експерти: „тик ток“ ги преминува сите граници

„Предизвикот“ на социјалната платформа „Тик-Ток“ пред неколку месеци беше причина малолетно девојче да си го одзеде животот. Бројот на деца кои страдаат од гејмерски предизвици на оваа платформа е многу голем, а Министерството за внатрешни работи овие случаи ги регистрира како несреќи при одредени активности.
Дека „игрите“ на оваа платформа знаат да ги преминат сите граници, сведочи и неодамнешниот случај со снимањето на бремени жени во Тетовската гинекологија од страна на еден анестезиолог.
Натпреварот меѓу младите во земјата е да се има најголем број следбеници на оваа социјална платформа. Според Ведат Сулејмани, колку е поголемо лудилото, толку повеќе лајкови имаш, и ако имаш повеќе, добиваш повеќе пари.
„TikTok заработува многу пари и бидејќи парите се во прашање, се искористуваат и децата. Јас лично не правев будалаштини, ја промовирав мојата професија во која тик токот ми помогна“, вели Сулејмани.
Сулејмани повика на зголемени контроли за тоа како се користи социјалната платформа, велејќи дека може да се користи за добро без да се загрозат животите или приватноста на другите.
Истражувањата покажуваат дека 25% од корисниците на TikTok се на возраст меѓу 10 и 19 години. Според психологот Фатиме Зибери, опасноста лежи токму тука, бидејќи на оваа социјална мрежа изложеноста на несоодветни содржини и текстови е алармантна, а децата се склони да имитираат сè што ќе видат.
„Тоа е токму она што го велиме во психологијата, учење со модели, што гледа и што ќе му се допадне, знаеме дека адолесцентската возраст ги има тие идоли, ги има оние омилени кои ги копираат и стилот на облекување, и начинот на кој тие зборуваат и гестови, и за жал ако користат нешто забранет. Тие примаа сè, без да анализираат и размислат дали треба или не треба”, рече Зибери.
Од безбедносни причини, социјалната платформа е забранета на владините телефони во повеќето земји во САД, институциите на Европската унија, Франција, Норвешка и други.
Ардит Рамадани