Баклавите се ладат, утре е Рамазан Бајрам

За муслиманските верници денеска е последниот ден од рамазанскиот пост. Низ пазарите и продавниците се забележува голема раздвиженост. На овој значаен верски празник трпезата не може да се замисли без слатки, а особено без традиционалната баклава. Дел од семејствата имале време баклавата да си ја направат сами дома, бидејќи како што велат, вкусот на домашната баклава е далеку подобар од оној на купената.
„Праевме дома. Мириса многу подобро кога се подготвува дома. Друго е кога правиш нешто со своја рака, подобро е и поприродно“…
„Ќе купиме. Треба многу работа за да се направи дома. Подобро е вака, без замор. За да се направи баклава како што треба, треба многу работа“, рекоа граѓаните.
Исто мислат и многу други, а тоа е добра вест за слаткарите кои денеска нудеа голем број различни видови баклави.
„Интерес има, можам да кажам како и секоја година бидејќи нема голема промена во цената. Квалитетот е како и секоја година. Според тоа каде сме, цената не е променета многу. Можеме да кажеме дека нема голема разлика, некаде од 5 до 10 проценти. Ова е Сарај Бурма, ова е Хавуч со ореви, има и Хавуч со ф’стаци со поголеми парчиња. Ова е Дис баклава која е покласична и тоа е број еден за Бајрам. Се продава малку повеќе од другите. Исто имаме нешто со кајмак и ф’стаци, а овој вид се вика Мидје. Имаме и други видови со ореви и чоколада“, рече Бесир Точи, слаткар.
Бајрам доаѓа по 29-дневниот рамазански пост. Во џамиите низ целата земја молитвата Бајрам намаз ќе се клања утре во 6:26 часот.
Еви Шкопи