Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Утрово муслиманите беа во џамиите низ целата земјата. Постарите седеа во првите редови. Секој домаќин, облечен во најдобра облека, свечено ја клањаа молитвата за Рамазан Бајрам.
Централната молитва за Бајрам се одржа во џамијата Мустафа-паша во Скопје, која беше премала за сите верници. . Поради големиот интерес, голем број верници се молеа во дворот на џамијата. Реисот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаи, упати пораки за празникот
„Драги верници, браќа и сестри, во овие денови на радост на Рамазан Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Алах, милостивиот, да ни даде сила на вербата, можност да се тргнеме од злото, храброст за простување и помирување, насмевки кон другите, да негуваме заедничка и посветла иднина, да создадеме можности и подобри услови во нашето општество, со цел да го запреме трендот на економски миграции“, рече Реис Шаќир Фетаху, претседател на ИВЗ.
Фетаи зборуваше за медиумите и по молитвата за Бајрам.
„Тие се молеле за простење од Бога. Тие го жртвуваа своето тело, својата душа и своето богатство, за да бидат во служба на луѓето воопшто, а особено на оние кои имаат потреба во секојдневниот живот. Во текот на месецот Рамазан, верниците ги врзаа своите срца едни со други, се приближија и се помирија меѓу себе, во името на Семоќниот Алах, и испратија чувства на мир, толеранција, солидарност и молитва за себе, нивните семејства и за сите луѓе воопшто“, додаде Фетаху.
Овој Бајрам доаѓа по крајот на месецот Рамазан, за време на кој верниците постеа 29 дена од изгрејсонце до зајдисонце. Како еден од петте столба на исламот, го зајакнува односот со Алах. Жртвувањето со жедта и гладот, според нив, се однесува и за помошта кон сиромашните, на кои им се дава фитер -паричина помош или во храна за просперитетна и здрава година.
Аднан Ќаили