ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мечки прават ‘ршум низ пчеларниците во охридско и ресенско

Мечки прават ‘ршум низ пчеларниците во охридско и ресенско

По неколумесечен зимски сон, мечки почнаа да напаѓаат и да прават штети во охридско-преспанскиот регион. Неколку пчеларници биле нападнати од мечка со мало мече, се жалат сопственици на пчеларници. На само двеста метри од магистралниот пат Охрид – Св. Наум, на просторот од населбите Горно Коњско до Горица уништени се повеќе од 200 кошници. Првпат мечката се појавила во март.

Advertisements

„Повторно влезе на трети април, на четврти и на петти април. Досега има уништено 12 пчелни семејства. Сега е развојот на пчелните друштва и помалку има мед, а повеќе има пчелно легло, ларви, млади пчели и полен. Веројатно имаат потреба од протеини и тоа го користат како храна. Нејзиното присуство со помало мече, таа е поагресивна и е поопасна, доколку сретне луѓе или деца“, рече Благоја Алач- сопственик на пчеларник.

Станува збор за дел кој е многу близу до градот. Локалните жители и пчеларите веќе побарале помош од националниот парк Галичица и од останатите институции.

„Бидејќи местото и е во планина, а не во населено место, да си ја вратат таму каде и е местото. Од таму ни рекоа дека немаат можност за успивање…“, изјави Благоја Алач-сопственик на пчеларник.

На оштетените пчелари сега им останува да се жалат на суд и да бараат финансиска отштета од државата. Ист проблем имаат и жители на преспанското село Наколец. Мечка со три мали мечиња десеттина дена се движела во околината и уништила многу пчелни семејства, а ја снимиле безбедносни видео-камери. Само кај еден пчелар искршила 40 кошници. Деновиве и во охридското село Лескоец беше снимена мечка како трча низ главната улица.
Инаку судовите низ државата многу често пресудуваат за претрпени штети од мечки, не само врз пчелни семејства, туку и врз земјоделски култури и добиток. Битолскиот основен суд е рекордер по пресуди од овој тип. За десет години заклучно со 2020 година, биле изречени 700 вакви пресуди. Државата платила отштети од повеќе илјади евра, со оглед на тоа што мечката е дивеч кој не смее да се лови и е заштитена со закон.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button