ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски е убеден дека ниту еден пратеник од ВМРО ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени

Мицкоски е убеден дека ниту еден пратеник од ВМРО ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски негира дека постојат пратеници од партијата кои би дале поддршка за уставните измени. Според него, актуелната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена и цврста во ставот. Тој вели дека повеќе не постојат лица во раководството на партијата кои би потпаднале на уцени и закани како што тоа се случувало во минатото и овозможувале гласови за уставни измени.

Advertisements

„До ден денеска се нудат да посредуваат, а во суштина немаат никаква моќ, некои луѓе коишто биле дел од претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Се лажат и од Владата, се лажат и од меѓународната заедница дека ако понудат амнестија на некои поедини функционери на ВМРО-ДПМНЕ дека тие ќе им донеле некакви гласови во Парламентот и ќе направеле раскол во ВМРО, се лажат“, рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски повтори дека за првиот чекор од процесот на уставни измени е потребно двотретинско мнозинство, и го повика премиерот Ковачевски веднаш да ја започне процедурата, бидејќи, како што обвини, Ковачевски ја лаже меѓународната заедница дека има напредок во разговорите со пратеници од опозицијата. Мицкоски додаде дека тие остануваат на предлогот за промена на Уставот по хрватски модел.

„За хрватскиот модел, ако дојдеме веќе во втора фаза да разговараме за хрватскиот модел и доколку има консензус, ние сме подготвени уште утре. Еве, по цена и на политичката штета која ќе ја трпиме ние… како е Преамбулата во хрватскиот Устав така да биде Преамбулата и во македонскиот Устав. Уште утре сме подготвени да разговараме“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски уставните измени нема да се случат во овој парламентарен состав.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button