Мицкоски: Владата ќе плати 53 милиони евра, зашто во рокот од 45 дена не е донесен законот за работни односи
Мицкоски: Владата ќе плати 53 милиони евра, зашто во рокот од 45 дена не е донесен законот за работни односи

Владата мора да плати казна од 53 милиони евра на Бехтел и Енкас затоа што за 45 дена, од кога е потпишан договорот за изградба на коридорите 8 и 10, не бил одобрен законот за работни односи, и работната недела не е зголемена од 40 часа до 60 часа. Ова го вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој додава дека доколку законот и натаму не се усвои, тогаш Владата секој месец ќе плаќа над 2 милиони евра дополнителни казни на конзорциумот.
Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски го избегнува конкретното прашање за исплатата на казните и вели дека немаат извршено никакво плаќање на компанијата.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека работите за коридорите се вршат на црно и без дозвола, а министерот Бочварски вели дека се работи за нов систем за изградба на автопат и со измените на законот за градба се предвидува побрзо градење. Тој повторно не ја посочува локацијата за почеток на изградбата
Проектот за изградба на коридорот 8 и 10Д што ќе ги изведе „Бехтел и Енка“ е вреден повеќе од 1,3 милијарди евра, додека дополнителни 300 милиони евра, според првичните проценки, ќе ја чини експропријацијата. Според најавите, просечно ќе се градат 25 километри годишно, додека еден километар ќе чини 12 милиони евра.
Мефаил Исмаили